Прејди на содржината

Договор од Хункар Искелеси

Од Википедија — слободната енциклопедија
Договор од Хункар Искелеси

1833
Потпишан1833
МестоЦариград
Потписници Османлиско Царство
Русија Руска Империја

Договорот на Хункар Искелеси бил договор потпишан помеѓу Руската Империја и Османлиското Царство на 8 јули 1833, по дадената воена помош на Русија против Мухамед Али Паша. Договорот довел до создавање сојуз меѓу двете сили како гаранција дека Османлиите ќе ги затворат Дарданелите за било кои странски воени бродови доколку Русите го побарале тоа од нив. Договорот имал значајна последица во однос на империјата во нејзините надворешни односи, особено со Велика Британија.

Мехмед Али Паша, кој бил вазал на Османлиите ги нападнал нивните позиции сакајќи да ги добие под своја контрола Палестина, Сирија и Арабија[1]. Така во Османлиско-египетската војна (1831–1833), неговиот син Ибрахим Паша успеал да ја освои Сирија[2] и по пропаднатите мировни договори со Махмуд II, тој продолжил кон Анадолија каде во Битката кај Конија повторно ги поразил Османлиите[3], и по оваа победа имал намера да се упати кон престолнината[4].

Преговори со Големите сили

[уреди | уреди извор]

По оваа најава во Истанбул започнала да се шири голема паника меѓу населението. Махмуд II итно испратил молба до Велика Британија и Франција за помош, но бил одбиен. Поради тоа, султанот немајќи друг избор морал да го повика својот поранешен непријатл Русија за помош[5]. Одговорот на рускиот цар била толку брза што самиот Махмуд се двоумел дали да продолжи со понудата бидејќи мислел дека рускиот цар сака да го стави во нова стапица[6]. Но рускиот цар веднаш испратил значителна сила. Денеска не е познато за колкав број на армија станувало збор, но се смета дека изнесувала од 20.000 до 40.000 војници[5][7]. Без разлика на бројката, таа била доволна за да го предомисли на Ибрахим Паша за војна против руските сили, по кое започнале преговори со султанот[8].

Присуството на руските трупи толку блиску до отоманскиот главен град ја загрижиле Велика Британија и Франција. Британскиот министер за надворешни работи извршил голем притисок врз султанот инсистирајќи за руско повлекување а како замена му гарантирал англо-француска гаранција против египетските сили[5]. Во меѓувреме кон Дарданелите биле испратени француско-британски флоти.[9].

Последици и интервенција

[уреди | уреди извор]

Султанот конечно се согласил на мировни преговори со Египет што довело до потпишување на договорот од Ќутахија во мај 1833 година според кој Сирија, Адана, Триполи, Крит и Египет му биле доделени на Мухамед Али Паша[5] . По овој договор, Русите започнале повлекување на своите сили, додека пак британските сили дознале за потпишување на руско-турски договор, со кое значително се вознемириле бидејќи Русија ќе има големо влијание врз Османлиското Царство. Договорот предвидувал одбранбен сојуз меѓу двете земји кој требало да трае осум години. Договорот опфаќал и еден т.н. таен член според кој Османлиите ќе ги затворат Дарданелите за странски воени бродови доколку Русија тоа го посака.

Потпишувањето на договорот целосно ја разбудила Велика Британија во однос на значењето на географската, политичката и економската позиција на Отоманското Царство во Европа[10] . Британците протестирале изнесувајќи го договорот од 1809 година според кој странски бродови не требало да поминуваат преку Дарданелите кон Босфорот. Но и покрај тоа, во следниот период Британија застанала кон проектот дека Османлиското Царство требало да се зачува во тој момент.

По ова следувало зголемување на трговијата меѓу двете земји, а британската флота како база и бил понуден Левант каде требало да помогнат на Османлиите во своите конфликти со Египет. Наскоро по потпишувањето на договорот, во 1840 година Австрија, Прусија, Британија и Русија се приклучиле кон коалицијата против Мухамед Али Паша. Овој акт е познат како Лондонска конвенција (1840), според која Дарданелите ќе бидат затворени за сите неосланлиски бродови. Мухамед Али Паша се согласил за ограничување на неговата војска а како замена тој добил гаранција дека за негов наследник ќе биде признат некој од неговото семејство по неговата смрт.

Овој договор го означил почетокот на британската превласт во Блискиот Исток и како главен сојузник на чело со Османлиското Царство во следните 37 години[11].

  1. Lord Kinross, The Ottoman Centuries: The Rise and Fall of the Turkish Empire, (New York: William Morrow and Company, Inc., 1977), 467.
  2. Lord Kinross, 467.
  3. Stanford J. Shaw and Ezel Kural Shaw, History of the Ottoman Empire and Modern Turkey, Volume II: Reform, Revolution, and Republic: The Rise of Modern Turkey, 1808-1975, (New York: Cambridge University Press, 1977), 33.
  4. Shaw and Shaw, 33.
  5. 5,0 5,1 5,2 5,3 Lord Kinross, 468.
  6. Frank Edgar Bailey, British Policy and the Turkish Reform Movement: A Study in Anglo-Turkish Relations, 1826-1853, (Cambridge, MA: The Harvard University Printing Office, 1942), 48.
  7. Bailey, 48.
  8. Bailey, 49.
  9. Virginia H. Aksan, Ottoman Wars 1700-1870: An Empire Besieged, (London: Pearson Education Limited, 2007), 375.
  10. Bailey, 38.
  11. Hale, 25.